КОАЛИЦИЈА

СИТЕ ЗА ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ

     

Организација

Коалицијата Сите за правично судење е основана во мај, 2003 година и претставува мрежа на 17 независни НВО-и.


 

Мисија

Следење на почитувањето на човековите права и слободи, особено на меѓународните стандарди за правично судење преку разни форми на делување во настојувањето да се зголеми нивото на нивното имплементирање, да се иницираат инситуционални и правни реформи како и да се врати довербата на граѓаните во судството и другите институции на системот.


 

Цели

  • да го зголеми почитувањето на стандардите за правично судење пред домашните судови

  • да ја воспостави јавната доверба во правниот систем и судството воопшто

  • да ги идентификува наследените проблеми во судскиот систем и да укаже на потребата за правна и институционална реформа

  • да ја запознае јавноста со стандардите за правично судење и да ја засили довербата на граѓаните во функционирањето на судскиот систем

  • да ги намали можностите за несоодветен третман на страните во спорот од судиите и другите учесници во постапката

 

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2010