Проект: Улога на заедницата во замена на казната затвор

 

Период на имплементација: Март, 2006 – Март, 2008

Основни цели

  • Идентификување на проблемите за имплементација на алтернативните мерки на казнување
  • Воспоставување ефикасен систем за примена на алтернативните мерки на казнување во Република Македонија
  • Запознавање на претставници од јавните претпријатија, граѓански и хуманитарни организации , медиумите како и пошироката јавноста со целите, значењето и процесот на извршување на алтернативните мерки
  • Придонес кон практична имплементација на Законот за малолетничка правда од 2007 година и извршување на законски предвидените алтернативни мерки во заедницата

 

Проектни активности

Период: Март, 2006 - Март, 2007

  • Спроведување на интервјуа со претставници на органите инволвирани во практичната примена на алтернативните мерки

  • Подготовка и публикување на Извештај Проценка на состојбата со алтернативните мерки во Република Македонија повеќе>

Период: Март, 2007 – Март, 2008

  • Подготовка и публикување на брошура за Основните податоци на алтернативните мерки во Република Македонија повеќе>

  • Подготовка на Концепт / Насоки за имплементација на Законот за малолетничка правда од 2007 година повеќе>

  • Организирање на стручна расправа со цел претставниците од надлежните институции поблиску да се запознаат со Насоките за имплементација на Законот за малолетничка правда од 2007 година

  • Доставување на Насоките за имплементација на Законот за малолетничка правда до Министерството за правда и до сите органи инволвирани во неговата практична имплементација

  • Идентификување на конкретни јавни служби , хуманитарни организации и други здруженија на граѓани кои ќе се вклучат во процесот на извршување на алтернативните мерки

  • Средби, едукација и информирање на идентификуваните јавни служби , хуманитарни организации и други здруженија на граѓани за нивната улога во процесот на извршување на алтернативните мерки

  • Организирање на две работилници/обуки на претставници од идентификуваните јавни служби , хуманитарни организации , други здруженија на граѓани и медиумите за целите,значењето и начинот на извршување на алтернативните мерки на казнување со посебен осврт на општокорисната работа заклучоци од скопје> заклучоци од кавадарци>


  • Испитување на јавното мислење за алтернативните мерки во Република Македонија

  • Подготовка на извештај за мислењето на јавноста за алтернативните мерки врз основа на спроведеното анкетирање превземи>

 

Контакт

Емилија Јорданова – Проект координатор

e-mail: ema@all4fairtrials.org.mk

tel: +389 2 3215 263

 

Донатори

Институт за трајни заедници (ИТЗ)

Агенција на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД)

 

 

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2010