Идентификување на нерегуларностите во текот на локалните избори во 2005 година и нивно следење во преткривичната и кривичната постапка

 

Заедничка оцена на домашните и странските набљудувачи, меѓу кои на денот на гласањето присуствуваа набљудувачи од Граѓанска асоцијација МОСТ, Хелсиншки комитет за човекови права, Коалиција Граѓани за граѓаните, Светски македонски конгрес, Мисиите на ОБСЕ и НАТО, како и други локални национални и меѓународни невладини организации, е дека локалните избори беа фер, демократски и во рамките на меѓународните стандарди, со исклучок на општините Шуто Оризари, Кичево, Струга, Гази Баба, Бутел, Липково, Чучер Сандево и други, каде се регистрирани неправилности и нарушувања на изборниот процес.

Неправилностите најчесто се однесуваат на полнење на гласачки кутии, кражба на гласачки ливчиња, групно гласање и гласање за други лица, непотпишување на гласачите во изводите од избирачкиот список, нарушување на тајноста на гласањето, закани со огнено оружје, меѓусебни физички пресметки, насилно однесување, агитирање и напади врз гласачите, растурање на пропаганден материјал, недостаток на избирачки материјал, како и прекршување на изборниот молк пред денот на гласањето.

 

 

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2009