Набљудување на судските предмети за кривичните дела против изборите и гласањето

 

Во рамките на проектот се набљудуваат судските предмети кои се водат пред основните и апелационите судови против сторителите на кривични дела против изборите и гласањето за време на локалните избори, 2005 година.

 

Судските предмети ги набљудуваат 6 набљудувачи, кои за секои набљудувано рочиште попoлнуваат прашалник и истиот го доставуваат до националната канцеларија. Податоците се внесуваат во посебно подготвена дата база која овозможува нивна понатамошна систематизација.

 

Врз основа на анализа и обработка на податоците од дата базата, проект координаторот изготвува Финален извештај кој ќе биде публикуван и доставен до релевантните институции.

 

Во поглед на подносителите на кривичните пријави, анализата на податоците, покажа дека од вкупно 20 кривични пријави, 14 кривични пријави се поднесени од страна на Министерството за внатреШни работи , 4 кривични пријави се поднесени од страна на граЃанини, а 2 кривични пријави има поднесено Сојузот на Роми од РМ.

 

Пред Основниот суд во Куманово, Прилеп, Струмица, како и пред Основниот суд Скопје I Скопје, во тек се четири кривични постапки против 12 обвинети за кривични дела против изборите и гласањето.

 

Во поглед на кривичните санкции, на лицата кои се огласени за виновни им се изречени три видови на санкции: казни (казна затвор и парична казна); алтернативни мерки (условна осуда) и воспитна мерка (засилен надзор од страна на родителите под контрола на социјален орган ).

 

Казна затвор им е изречена на 11 лица, 7 лица се парично казнети, на 7 лица им е изречена условна осуда, а на едно лице-малолетник му е изречена воспитна мерка(засилен надзор од страна на родителите под контрола на социјален орган).

 

 

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2009