Избори

 

Проект: Следење на кривичниот прогон во врска со делата против изборите и гласањето

   

Период на имплементација јули , 2005 - во тек

   

 

Основни цели

  • утврдување на подготвеноста на државните институции да се справат со изборните нерегуларности, особено подготвеноста на судскиот систем да се справи со лицата кои за време на локалните избори, 2005 година извршија кривични дела против изборите и гласањето
  • идентификување на проблемите со кои се соочува судството при гонење на сторителите на кривичните дела против изборите и гласањето и предлагање правни и институционални реформи
  • постигнување поголема ефикасност во борбата за успешно справување со изборните нерегуларности, како и обезбедување услови за одржување фер и демократски избори

Проектни активности

  • Идентификување на нерегуларностите во текот на локалните избори во 2005 година и нивно следење во преткривичната и кривичната постапка повеќе>>>
  • Набљудување на судските предмети за кривичните дела против изборите и гласањето повеќе>>>
  • Соработка со релевантни институции (јавни обвинителства, судови, државна изборна комисија и други)
  • Изработка на Финален извештај за состојбата на изборните нрегуларности, вклучувајќи заклучоци и препораки за измена на изборното законодавство

Контакт

Маријана Нетковска - Проект координатор

e-mail: marijananetkovska@all4fairtrials.org

tel: +389 2 3215 263

Донатори

Набљудувачка Мисија на ОБСЕ во Скопје

 

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2007