Набљудување на судските постапки

Проект: Основање на програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија

 

Период на имплементација: Јануари – Декември, 2008

 

   

Основни цели

Проектот “Основање на програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија” е резултат на успешната имплементација на подготвителната, пилот фаза на истиот, спроведен од мај до декември 2007 година. Во 2008-та проектот предвидува основање на програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во РМ, дополнето со публикација на аналитички извештај, организација на тркалезна маса како и прес конференција.

Преку основање на мониторинг програма за предметите во врска со корупцијата, Коалицијата “Сите за правично судење” ќе направи проценка колку постоечките закони се имплементираат и колку ефикасна е правната постапка во судството. Програмата ќе биде сведок на промените и подобрувањата во судството на РМ кое се обидува да ги задоволи европските стандарди. Преку аналитичкиот извештај како и препораките кои ќе произлезат од него, Коалицијата ке се обиде да се прикаже како конструктивен партнер на Владата на РМ, кој ќе допринесе во приближувањето на земјата до ЕУ.





Проектни активности

  • Мониторинг програма за судските предмети во врска со корупцијата во РМ;
  • Подготовка и публикација на аналитички извештај;
  • Организација на тркалезна маса;
  • Прес конференција

 

Проект: Проценка на потребата за развој на програмата за набљудување на судскте постапки во врска со корупцијата во Република Македонија

 

Период на имплементација: Мај – Декември, 2007

 

   

Основни цели

  • Да се утврди дефиниција за корупција кој би се користела за потребите на судското набљудување;
  • Да се идентификуваат криминалните активности кои спаѓаат во категоријата на корупцијата;
  • Да се соберат емпириски материјали кои ќе послужат како плодна база за понатамшно набљудување на криминалните случаи поврзани со корупцијата
  • Да се подигне нивото на свест кај јавноста до ниво на државна определба за гонење на криминалните случаи поврзани со корупцијата

Проектни активности

  • Детерминирање на дефиниција за криминални дела поврзани со корупција во линија на легислатива и судска пракса
  • Идентификација на различни форми на корупција во пракса
  • Пробен период на судско набљудување
  • Подготовка и публикација на работен документ / брошура повеќе>>

Контакт

Славица Димитриевска - Проект координатор

e-mail: sdimitrievska@all4fairtrials.org.mk

tel: +389 2 3215263

 

Донатори

  • Набљудувачка мисија на ОБСЕ во Скопје
  • Шведски Хелсиншки Комитет
  • Фондација Институт Отворено Општество Македонија

 

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2007