Според Законот за локални избори, граѓаните на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање избираат членови на советите на општините и советот на град Скопје, како и градоначалник на општините и градоначалник на градот Скопје.
Редовните избори се одржуваат секоја четврта година, а ги распишува претседателот на Собранието на Република Македонија.
И покрај првичната закажаност за одржување на локалните избори во октомври 2004 година, тие се одржаа во март, 2005. Имено, првиот изборен круг се одржа на 13 март, додека вториот на 27 март, 2005 година.
Државната изборна комисија на својата интернет страница (www.dik.mk) ги објави прелиминарните и конечните резултати од гласањето за секоја општина и секој изборен круг со што даде голем придонес за зголемување на транспарентноста на процесот на сумирање на резултатите од гласањето. |