Набљудување на судските постапки

     

Во периодот од Јули 2003 година до Јули 2004 година, набљудувани се вкупно 643 предмети на 1010 рочишта од кривичната и 720 предмети на 907 рочишта од граѓанската област.

Координацијата на набљудувачите се одвиваше преку националната канцеларија во Скопје и 7 регионални канцеларии раководени од локалните координатори во:

  • Битола- Локален координатор Ѓорѓи Јошевски (Граѓански патеки)
  • Гостивар- Локален координатор Гоца Буревска (Месечина)
  • Тетово - Локален координатор Зоран ( ЦДР )
  • Скопје - Локален координатор Данче Даниловска ( Младински образовен форум )
  • Куманово-Локален координатор Феат Камберовски (АРКА)
  • Штип-Локален координатор Борис Шарковски (АНИ)
  • Кавадарци-Локален координатор Билјана Тасева (СППМД)

Како теми од посебен интерес за Коалицијата во кривичната област се избрани:

  • Трговија со луѓе, семејно насилство (кривичните дела според КЗ)
  • Деца и млади (кривичните дела според КЗ)
  • Корупција, Сопственост и Трудово право (кривичните дела според КЗ)
  • Прекршување на човекови права и полициска злоупотреба (кривичните дела според КЗ)

Предмет на интерес на набљудување од граѓанската материја се :

•  Предмети од семејното право ( брачни спорови , патернитетни и матернитетни спорови , спорови за издршка на деца и на брачниот другар , чување и воспитување на деца и спорови за разрешување на имотните односи на брачните другари )

•  Предмети од граѓанското право ( сопственички спорови , спорови во врска со право на службеност и владение , спорови за надомест на штета , должничко доверителски спорови , стопански спорови )

•  Спорови од работен однос.

Листа на кривични дела

 

 

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2009