|
Набљудување на судските постапки
Проект: Имплементација на меѓународните стандарди за правично судење во домашните судови и проценка за функционирање на судството во Република Македонија
|
Период на имплементација - Јуни, 2003 - Декември, 2004
|
|
|
Основни цели
- зголемување на довербата на јавноста во правниот систем и судството
- идентификување на проблемите во судскиот систем
- укажување на потребата за правни и институционални реформи
- зголемување на почитувањето на стандардите за правично судење пред домашните судови
- запознавање на јавноста со стандардите за правично судење
|
Проектни активности
- Изработка на прирачник за набљудување на судења (в о соработка со експерти на Правниот фаскултет Јустинијан Први при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа и Адвокатската комора на Република Македонија беше изработена работна верзија на прирачникот)
- Тренинг за теоретските и практичните аспекти на набљудувањето на судските процеси повеќе>>>
- Изработка на Периодичен Извештај кој произлезе врз основа на информациите собрани од прашалниците во периодот од Јули 2003 до Јануари 2004 година, како и од податоците од месечните извештаи со локалните координатори и од извештаите од локалните правни експерти.
- Изработка на Завршен Извештај кој ги презентира податоците прибрани во набљудувачкиот процес, пооделно за секој меѓународен стандард како во кривичната постапка така и во граѓанската. Притоа, направен е компаративен преглед на домашната регулатива и законската регулатива на други земји и одредбите од Меѓународните документи. Од резултатите и заклучоците дадени се препораки за идни решенија кои би придонеле за доследна примена на меѓународните стандарди за правично судење.
|
Контакт
Виолета Велкоска - Проект координатор
e-mail: violetavelkoska@all4fairtrials.org.mk
tel: +389 2 3215263
Јасна Цветковска - Правен аналитичар
e-mail: jasnacvetkovska@yahoo.com
Донатори
- Одделот за владеење на правото на Мониторинг мисијата на ОБСЕ во Скопје
- Канадската Агенција за Меѓународен развој (ЦИДА )
- Fondacijata Институт Отворено Општество Македонија
|
|