Полициска злоупотреба

 

Проект: Проект за поддршка на човековите права

   

Проектот за поддршка на човековите права обезбедува бесплатна правна помош на лица чии права наводно биле повредени од страна на полицијата.

Како може Проектот за поддршка на човековите права да Ви помогне?

Во рамките на бесплатното правно советување, правните советници вклучени во проектот ги преземаат следниве активности:

  • Интервјуирање и документирање на наводите;
  • Фотографирање на повреди и други докази;
  • Помагање на повредените лица да примат неопходно медицинско лекување и соодветна документација на повредите;
  • Собирање на дополнителна придружна документација;
  • Давање совети за правните лекови кои им стојат на располагање на наводните жртви, вклучувајќи поднесување на претставки до Секторот на МВР за Внатрешна контрола и професионални стандарди, Канцеларијата на Народниот правобранител, Јавното обвинителство , како и приватни тужби;
  • Помагање на наводните жртви во изготвување писма, жалби и поднесоци до горенаведените институции;
  • Придружување и/или застапување на наводни жртви на состаноци со државните соработници;
  • Пренесување на информации за случајот до меѓународни организации ;
  • Обезбедување на средства за социјално загрозените лица , за покривање на трошоците за вадење на лекарски уверенија .

Публикации

  • Проект за подршка на човековите права, извештај за прериодот 2006/2007 повеќе>>>
  • Прелиминарен Извештај, 2004 повеќе>>>
  • Прелиминарен Аналитички Извештај повеќе>>>
  • Проект за подршка на човековите права, извештај за прериодот 2004/2005 повеќе>>>
  • Флаер повеќе>>>

Контакт

Аница Томишиќ-Стојковска - проект координатор

e-mail: anica@all4fairtrials.org.mk

tel: +389 2 3215 263

Донатори

ФИООМ - Фондација Институт Отворено Општество Македонија

УНВФВТ - Волонтерски Фонд за жртви од тортура при ООН


Кому да се обратите?

 

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2007