Стандарди за правично судење

     

Право на еднсаквост пред законите и судовите:
Законите не смеат да бидат дискриминирачки, судиите и склужбените лица не смеат да постапуваат на дискриминирачки начин при примената на законите, секој има право на пристап и третман пред судот.

Право на судење пред надлежен, независен и непристрасен заснован на закон:
Одлуките не ги донесуваат политичките институции, туку надлежни независни и непристрасни судови установени со закон.

Право на правична расправа претрес:
Секој има право на правична расправа, како и еднакви средства на странките во спорот.

Право на јавна расправа претрес:
Не само странките туку и јавноста воопшто имаат право да присуствуваат на расправата/претресот пред судот.

Пресумпција на невиност:
Лицето обвинето за кривично дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.

Право на судење во разумен рок:
Обвинетиот за кривично дело, тужителот и тужениот имаат право на судење без непотребно одлагање т.е. судската постапка мора да започне и за да биде завршена во разумен рок.

Забрана за ретроактивна примена на законите:
Законите на ретроактивна примена не може да имаат повратно дејство освен во случаи кога тоа е поволно за граѓаните.

Право на информирање/известување за обвиненијата:
Секој кој е лишен од слобода или притворен мора веднаш да биде известен за причините поради кој е лишен од слобода и во најкраток можен рок да биде запознаен со обвиненијата против него.

Право на доволно време и можности за подготвување на одбраната:
Обвинетиот за кривично дело, тужителот, тужениот и нивниот бранител доколку го имаат треба да имаат на располагање доволно време и соодветни услови за подготвување на одбраната во сите фази на постапката.

Право на обвинетиот да се прани самиот или со помош на адвокат:
Обвинетиот за кривично дело, тужутелот и тужениот имаат право да се бранат односно право на адвокат заради заштита и одбрана на своите права.

Право да се повикаат и испитаат сведоци:
Обвинетиот за кривично дело, тужителот и тужениот, имаат право да повикаат и сослушаат сведоци во нивна полза.

Право на преведувач и на превод:
Секој кој е обвинет за кривично дело, тужителот и тужениот, а кој не го разбира или не го зборува јазикот на кој се води постапката има право на бесплатна правна помош т.е. превод од стручен преведувач во сите фази на постапката.

Право на жалба(правни лекови):
Осудениот за кривично дело, тужителот и тужениот имаат право да поднесат жалба(правни лекови) до повисокиот суд заради преиспитување на одлуката на судот и изречената санкција.

 

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2007