Тренинг за теоретските и практичните аспекти на набљудувањето на судските процеси

 

 

   

Семинари за обука

Од 15 до 18 и од 22 до 25 мај 2003 година се одржаа два семинара за обука на набљудувачи за следење на судските процеси, предавачи беа врвни домашни и меѓународни експерти кои се осврнаа на теоретските и практичните аспекти на судењата.


 

Тренинг за набљудувачите

На 17 и 24 Јануари 2004 година се одржа продолжен тренинг на кој набљудувачите беа запознаени со првичните резултати од набљудувачкиот процес како и со модифицираните прашалници за набљудување на кривични граѓански постапки.
Материјалите потребни за реализација на обуката беа изготвени врз основа на Интерниот периодичен извештај за набљудуваните судења добиен со анализа на сите податоци од почетокот на набљудувањето на судењата во Јули 2003 па се до Октомври истата година кој даде слика за развојот на набљудувачкиот процес во сите региони, согласно месеци и вид на предмети (кривични членови или правни основи), кој се осврна на поедини проблеми во судската пракса и секако нивото на имплементација на секој стандард за правично судење во македонските судници, како и Посебниот извештај за квалитетот и квантитетот на добиените информации кој ги опфати сите фактори кои влијаеле врз пополнувањето на прашалниците, можноста за подобрување на добивањето на податоците, начинот на манифестирање на обврската од страна на набљудувачите, насоките во кои треба да се извршуваат промените со цел постигнување на подобри резултати.
Двата извештаи беа изработени од страна на Проект Менаџерот на Коалицијата.
Додатна кратка обука беше организирана на 14.02.2004 година за сите учесници кои не можеа да присуствуваат на првата и втората обука.

 

 

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2009