канцеларијата на Советот на Европа во Скопје како и претставници меѓународни организации кои делуваат во областа на функционирањето на судството. Од квалитетната дискусија произлегоа следниве заклучоци:
Учесниците и дадоа целосна поддршка на Коалицијата “ Сите за правично судење ” во спроведувањето на тековниот проект од областа на следењето на имплементацијата на меѓународните стандарди за правично судење од страна на домашните судови.
Учесниците се согласија за потребата од следење на судските постапки од страна на непристрасни лица кои не припаѓаат на судството, ниту се инволвирани како странки во постапките, и потребата од спроведување на објективни истражувања со цел лоцирање на проблемите со кои се соочува судството и изнаоѓање на соодветни решенија кои во форма на предлози би биле доставени до надлежните тела.
Заклучоците и препораките од нацрт верзијата на Завршниот извештај на Коалицијата добија позитивна оценка и поддршка од страна на претставниците на судството и другите институции поврзани со неговото функционирање. Извештајот со препораките, по неговото издавање, ќе се достави до Советот за реформи во судството при Министерство т о за правда.
Формирање на работна група составена од претставници на Коалицијата “Сите за правично судење”, Министерството за правда, Врховниот суд на РМ, Апелационите судови, Републичкиот судски совет и Јавното Обвинителство на РМ со основна цел следење на имплементирањето на препораките од завршниот извештај и нивно вклучување во процесот на судски реформи, што ќе придонесе кон зголемување на почитувањето на меѓународните стандарди за правично судење во домашните судови, зголемена доверба на граѓаните во судството и поефикасно спроведување на судските реформи во Македонија.
|