Евалуација

 

Со цел да се подобри соработката со НВО членките, како и да се добие комплетна слика за нивното функционирање, односно активностите кои што ги спроведуваат, согласно проектот за Јакнење на капацитетот на Коалицијата, направена е евалуација на нивните досегашни проектни активности. Во првата фаза од тој евалуационен процес, подготвен е прашалник за основните податоци за НВО членките, за нивните минати, тековни и идни активности, како и за можните начини за идна меѓусебна соработка. Познавањето на активностите кои се спроведуваат од страна на НВО членките како независни организации оневозможува преклопување на активностите на Коалицијата. На тој начин, може да се избегнат повторувања на проектните активности, од една страна, односно може да се дефинира координиран и сеопфатен пристап кон идентификуваните проблеми, од друга страна.

 

Како резултат на Евалуациониот процес кој се спроведе во текот на април и мај, 2005 година подготвен е извештај во кој се вклучени и препораки за подобрување на соработката меѓу НВО членките на Коалицијата.

 

Врз основа на разговорите водени при непосредните средби, конкретно за односот со Коалицијата и останатите НВО членки, генерално, можеме да ги извлечеме следниве согледувања и заклучоци :

 

Коалицијата “Сите за правично судење” е составена од 22 НВО-и кои што се хетерогени според нивното ниво на дејствување, целните групи и проектните активности кои што ги спроведуваат.

 

Според нивото на дејствување , околу половината од НВО членките дејствуваат на локално ниво во зависност од регионот на кој припаѓаат, додека останатите дејствуваат на ниво на цела територија на Република Македонија.

 

Оттука, може да се извлече заклучок дека Коалицијата ја покрива речиси целата територија на Република Македонија, иако концентрацијата на НВО-и е особено присутна во градовите: Скопје, Штип, Битола, Гостивар и Куманово.

 

Материјалните и човечките ресурси со кои располагаат НВО-и, исто така, се различни, пред сi, во зависност од нивниот обем на работа. И покрај, различната финасиска моќ, сепак, повеќето НВО-и обезбедуваат одржливост (со исклучок, на одредени кои во моментот немаат тековен проект.)

 

Во поглед на целните групи , повеќето се определени за општа целна група, со исклучок на Меѓаши, Здружение за заштита на правата на детето и Младински Образовен Форум, кои опфаќаат деца, односно младина и студенти. Од друга страна, НВО-и АРКА, АДИ, РОЗПР, ПХУРТ, како приоритетна целна група, посебен акцент ставаат на ромската популација.

 

Исто така, и областите на делување се различни, но секторите: граѓанско општество и човекови права се заеднички програмски определби, со таа разлика што одредени НВО-и (МОФ, Хелсиншки), непосредно се вклучени со соодветни проекти.

 

Во поглед на проектите што ги спроведуваат, генерално, е согледано дека мониторирањето на судските постапки (освен на Хелсиншки и во конкретни случаи на НВО-и СПЕКТАР и на АДИ) не е посебен приоритет на НВО членките. Кај невладините организации кои беа локални канцеларии сеуште постои заинтересираност и капацитет за продолжување на таа активност.

 

Сепак, она што е значајно за сите НВО-и во остварување на целите на Коалицијата е нивното декларативно изјаснување за активна партиципација и подготвеност за соработка.

 

На прашањето, на кој начин би партиципирале во остварување на целите на Коалицијата, речиси истоветни се одговорите “во реализација на проекти кои кореспондираат со мисијата и целите на односната организација”, како и преку размена на искуства, информации и знаења.

 

Оттука, нејзиното континуирано постоење и функционирање ќе остане основна заложба на НВО членките.

 

 

 

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2009