Мониторинг на судски предмети од областа на трговијата со луѓе и илегалната миграција во 2010

Период на имплементација: јануари 2011 - август 2011 година

Основни цели

Нотирање на промени од претходниот мониторинг на судски предмети за кривични дела од областа на трговијата со луѓе и илегалната миграција и следење на примената на новите механизми за поуспешна борба против организираниот криминал. Предлагање мерки за подобрување на судското постапување за предметите од областа на трговијата со луѓе како и поддршка за изнаоѓање на адекватен одговор за казнување на ваквите кривични дела. Подигнување на свеста кај стручната и пошироката јавност во борбата против овој вид организиран криминал преку одржување на прес конференција, изготвување на завршна анализа со статистики и препораки за ефикасноста на судот и другите надлежни институции кои треба да се справат со овој феномен.

Проектни активности

  • Главен инструмент за предвидените набљудувања е прашалникот кој ги опфаќа сите релевантни области од судската постапка. Прашалникот содржи 60 прашања кои се во тесна врска со судската постапка и се пополнува по секое реализирано рочиште од страна на набљудувачот. Коалицијата Сите за правично судење располага со тим на искусни набљудувачи (20 набљудувачи), кои веќе години наназад вршат набљудување низ судовите во Републиката. Набљудувањето ќе се реализира низ сите судови каде се пријавени предмети за погоре споменатите кривични дела. Набљудувањето ќе се спроведува во текот на целиот проектен циклус непречено.
  • Предвидената работилница се планира да биде организирана како и досега во соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. Темата, нејзината обработка и подготовката на содржинскиот дел од работилницата ги врши Коалицијата додека Академијата е задолжена за логистичката подготовка, просторот и повикување на слушателите т.е судиите, јавните обвинители и стручните соработници.
  • По завршената работилница ќе биде изготвен записник односно краток извештај за дискутираното. На слушателите ќе им бидат поделени евалуациски формулари со цел оцена на квалитетот на работилницата.
  • Правната анализа ќе биде изготвена од страна на проектниот координатор (дипломиран правник), кој врз основа на собраните податоци од набљудувањата но и сумираните резултати од самите работилници ќе треба да ја напише анализата, изведе заклучоци и понуди препораки за подобрување на судската ефикасност во борбата против организираниот криминал со посебен осврт на трговијата со луѓе и илегалната миграција.
  • Правната анализа ќе биде публикувана на официјалната веб страна на Коалицијата Сите за правично судење www.all4fairtrials.org.mk

Контакт:

Михаил Готовски - Проектен координатор

e-mail: mgotovski@yahoo.com

тел: +389 2 3215 263

Донатори:

  • Влада на Република македонија
  ОБСЕ    

Следење на предмети од областа на трговија со луѓе и илегална миграција во 2009/2010

Период на имплементација: август 2009 - април 2010 година

Основни цели

Целта на проектот е да придонесе во зајакнувањето на улогата на судството во обезбедување на соодветен одговор во пресудувањето на предметите од областа на трговија со луѓе. Проектот ја постигнува целта преку прибирање на податоци со набљудување на самите рочишта во предметите, што овозможува да се согледаат определени слабости во функционирањето на судскиот систем како и предлагање на препораки како истите да се надминат.

Проектни активности

  • Идентификација на активните предмети и мониторинг
  • Подготовка на месечни распореди за набљудување на предметите
  • Набљудување на предметите
  • Внес на податоците во база на податоци
  • Интервјуа со ранливи групи
  • Учество на семинари
  • Организација на работилница во Академија за обука на судии и јавни обвинители
  • Организација на прес конференција/ Информирање на јавноста

Контакт:

Михаил Готовски - проект координатор

e-mail: mgotovski@yahoo.com

тел: +389 2 3215 263

Донатори:

  • Амбасада на САД во Скопје
  ОБСЕ    

 

Следење на предметите од областа на Трговија со луѓе

Период на имплементација: јануари 2008 - декември 2008 година

Основни цели

Идентификација на фактичката состојба преку постојан мониторинг на предметите од областа на трговија со луѓе, посредување во вршење на проституција и криумчарење на мигранти од една страна, како и анализа на проблемите поврзани со правната регулатива и нејзината интерпретација во практиката на судовите во Република Македонија.

Проектни активности

  • Набљудување на предмети од областа на трговијата со луѓе
  • Интервју со главните актери во постапката (судии, јавни обвинители, адвокати и претставници на МВР), во однос на некои проблеми во текот на постапките
  • Подготовка на извештајот за трговија со луѓе и илегална миграција перципирани од главните актери во кривичната постапка

 

Ефикасноста на судовите при справување со феноменот организиран криминал 2005/2006/2007

Период на имплементација: јануари 2007 - декември 2007 година

Основни цели

Проценка на постоечките механизми за борба против организираниот криминал во Република Македонија, а особено на делата од областа на трговија со луге, со цел создавање на јасна слика за можностите за подобрување на борбата против овие видови на организиран криминал.

Проектни активности

  • Набљудување на предмети од областа на трговијата со луѓе и организираниот криминал
  • Идентификација на различните форми на организираниот криминал кој што постои во РМ
  • Подготовка на извештајот за состојбите во 2005, 2006 и 2007 година

 

Казненопоправен одговор на организираниот криминал

Период на имплементација: јануари 2006 - декември 2006 година

Основни цели

Проценка на постоечките механизми за борба против организираниот криминал во Република Македонија воспоставени и развиени од страна на телата надлежни за сузбивање на овој сериозен и растечки феномен.

Проектни активности

  • Набљудување на предмети од областа на трговијата со луѓе и организираниот криминал
  • Идентификација на различните форми на организираниот криминал кој што постои во РМ
  • Следење на имплементацијата на препораките од извештајот на Коалицијата во
    2005 година
  • Подготовка на извештајот за состојбите во 2005 и 2006 година
  • Одржување на тркалезна маса

 

Набљудување на судски предмети во врска со трговија со луѓе

Период на имплементација: ноември 2004 - декември 2005 година

Основни цели

Придонес во имплементацијата на Националната програма на Владата на Република Македонија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција.

Проектни активности

  • тренинг за набљудувања на судења во врска со трговија со луѓе и посредување во вршење на проституција
  • набљудување на судските предмети во врска со трговија со луѓе
  • одржување тркалезна маса
  • одржување на прес конференција

Други извештаи и корисни линкови

Годишен извештај за трговија со луѓе за 2005 година - Извештај на Стејт Департментот на САД <<преземи>>
http://www.state.gov/g/tip/rls/tiprpt/2005/

Извештај на УНИЦЕФ за трговија со луѓе во југоисточна Европа, 2004 година
http://www.unicef.org/ceecis/media_1566.html

Корисни линкови:
http://www.legislationline.org/
http://www.iom.int/

Контакт:

Михаил Готовски - проект координатор

e-mail: mgotovski@yahoo.com

тел: +389 2 3215 263

Донатори:

  • OSCE Набљудувачка Мисија во Скопје
  • Министерство за надворешни работи на Финска
  ОБСЕ