Обука на правни советници во рамките на проектот

„ Проект за поддршка на човековите права “

11-12 Март , 2005

х. Мрамор, Скопје

 

Во реализација на Проектот за Поддршка на Човековите Права кој продолжи да се имплементира и во 2005 година, покрај НВО-и АРКА од Куманово, Центар за демократски развој од Тетово се вклучија и Коалицијата Сите за правично судење, Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп и ИЗБОР од Струмица.

 

Во тој правец, заради успешно спроведување на работните задачи од страна на проект офицерите кои пружаат бесплатна правна помош на жртвите на полициска злоупотреба се наметна потребата за нивна дополнителна едукација односно поблиско запознавање со функционирањето на владините институции во заштита на човековите права токму во областа на полициската злоупотреба.

 

Обуката беше спроведена од мултидисциплинарен аспект, односно предавачите беа претставници на различни владини инститиции, вклучувајќи го и судството и невладиниот сектор. Имено, дводневниот семинар финансиски и технички беше поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје кои се и основни донатори на Проектот за поддршка на човековите права.

 

Согласно агендата, на дводневниот семинар беа разработени следниве теми

 

г-ѓа Марија Мирческа - претставник од Мисијата на ОБСЕ

•  Кривична пријава и овластувањата на МВР во предистражна постапка

 

г-н Кире Русевски - претставник на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР

  • Делокруг, организациона поставеност и постапка на поднесување на претставка / барање за информација до МВР, Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди

г-ѓа Гордана Гешковска - претставник на Основното Јавно Обвинителство во Скопје

  • Улога, надлежност и организација на Јавното Обвинителство, со осврт на измените во ЗКП

г-н Насер Хаџиахметаги ќ - истражен судија во Основниот суд Скопје I

  • Истрагата во законските одредби и практиката, согласно измените во ЗКП

др. Билјана Јаневска - претставник на Институт за судска медицина

•  Медицинската документација како доказно средство при вештачење на телесни повреди, издавање на соодветна медицинска документација

 

г-н Виктор Алексов - претставник од канцеларијата на Народниот Правобранител

  • Надлежност, организациона поставеност на Народниот правобранител, постапување по претставки, соработка со други институции; осврт на регионалните канцеларии

г-н Александар Димиќ - претставник на Анкетната Комисија

  • Улогата на Постојаната Анкетна Комисија на Собранието на РМ за заштита на слободите и правата на граѓанинот во заштитата на човековите права

г-н Петар Јорданоски - проект координатор

  • Постапката пред Европскиот суд за човекови права

 

г-ѓа Силва Пешиќ - претставник на Канцеларијата на Високиот Комесар на ООН за човекови права

  • Механизмите на ООН, со осврт на Специјалниот Известувач на ООН за тортура; Комитет на ООН против тортура

 

г-н Зоран Илиевски, г-н Феат Камберовски и г-н Беким Реџепи - претставици на НВО-и вклучени во проектот

  • Анализа на случаи од практиката

 

 

Контакт

Петар Јорданоски - Проект координатор

e-mail: petar_jordanoski@yahoo.com

tel: +389 2 3215263

 

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2009