Обука организирана во рамките на проектот

„Набљудување на судски предмети во врска со трговија со луѓе“

24-25 Декември, 2004

х. Мрамор, Скопје

Со цел да ја помогне имплементацијата на Националната програма на Владата на Република Македонија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Коалицијата „ Сите за правично судење “ од јануари 2005 го реализира проектот „ Набљудување на судски предмети во врска со трговија со луѓе “ .

Специјално одбрани набљудувачи, правници и адвокати, со повеќе од една година искуство во мониторирање на судски процеси во рамките на активностите на Коалицијата започнаа со набљудување на предмети во врска со кривичните дела Трговија со луѓе, Посредување во вршење на проституција и Криумчарење на мигранти во сите основни судови на Македонија.

Заради продлабочување на нивното знаење во доменот на трговијата со луѓе и на тој начин овозможување на прибирање на поквалитетни податоци во рамките на емпириското истражување, на 24 и 25 декември 2004 год. беше организиран дополнителен тренинг.

Предавачи на семинарот :

Г -дин Јован Илиевски - заменик јавен обвинител во ОЈО Скопје

•  Феноменот трговија со луѓе (три основни елементи, развој на појавата како дел од организираниот криминал, разлики со сродни дела)

•  Трговија со луѓе како грубо кршење на човековите права и слободи

•  Меѓународна регулатива (Конвенции и протоколи, Принципи и насоки на Обединети нации, документи на ОБСЕ и УНИЦЕФ, дефиниција согласно истите, усогласеност на поимот во меѓународните документи)

Д-р Ѓорѓи Хаџи Ангелковски - невропсихијатар

•  Психолошко емоционално и физичко оштетување на жртвите на трговија со луѓе (психо трауми, оштетување на органите за репродукција, ХИВ)

Г-ца Ивона Заковска - претставник од ИОМ

•  Правата на жртвата (начин на информирање за правата на жртвата, право на ефективно правно средство,обештетување,заштита од закани, заштита на приватноста и анонимноста, депортирање во матичните земји)

•  Презентација за состојба со жртвите на трговија, активност на транзит центарот, вид на помош

Г-ѓа Санија Бурагева - началник при Министерството за внатрешни работи

•  Анализа на случај, активности преземени и проблеми со кои се соочува МВР при гонење на кр. дела од доменот на трговија со луѓе/посебен осврт на трговија со деца

Г -ѓа Анета Арнаудовска - Судија во ОС Скопје 1

  • Анализа на случај, процедурални проблеми со кои се соочуваат судиите в.в. со предмети од доменот на трговија со луѓе

Г-ѓа Тања Михајлова - претставник од НВО Темис

•  Активност на НВО секторот (досегашни резултати во доменот на превенција и активности за подиг нув ње на свеста на граѓаните)

Г-ца Виолета Велкоска - проект координатор на проектот

•  Презентација на прашалниците за набљудување на предмети те од областа на трговија та со луѓе

 

 

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2009