Член 6 од Европската Конвенција за Човекови права

 

 

Со цел да се зголеми степенот на знаење на одреден број на набљудувачи на Коалицијата со што ке се подигне квалитетот на податоците прибрани од набљудувањето, како и да се зголеми нивото на знаење на локалните и националните правни експерти, инволвирани во изработката на Извештаите на 17-18.05.2004 год . од страна на Коалицијата, ОБСЕ и Советот на Европа беше организиран тренинг за чл. 6 од ЕКЧП.

 

Тренингот започна со отварање од страна на г-дин Трајче Пеливанов, г-ин Simon Greuter, офицер во Одделот за владеење на правото во ОБСЕ и г-ѓа Hanne Juncher , експерт на Советот на Европа во Македонија . Тие ја под д ржаа идеата за унапредување на знаењето за различни стандарди за правично судење и меѓународни механизми за заштита, како фактор кој може да придонесе за обезбедување на подобар квалитет на резултатите од набљудувањата извршени во сите основни судови во Македонија и во исто време подобро влијание во насока на зголемување на почитувањето на овие стандарди во домашните судови.

 

Г-ѓа Deirdre Fottrell , предавач по право на Правниот оддел на Универзитетот на Есекс го изложи воведот во Европската конвенција за човекови права и нејзините основни принципи како и информациите кои се однесуваат на п равото на ефективно правно средство пред националните власти.

 

Г-ин Lischina , правник во Европскиот суд за човекови права даде вовед во правото на правично судење согласно чл. 6 од ЕКЧП.

 

И двајцата експерти го објаснија значењето на овој документ за состојбата на човековите права и основни слободи во европските земји. Тие го објаснија значењето на секој член од ЕКЧП како и дадоа заклучоци и многу примери од практиката.

 

По деталното презентирање на тоа кои се граѓанските права и обврски и кое е значењето на кривичното обвинение, вниманието на учесниците се насочи на Правото на правично судење согласно член 6 од ЕКЧП.

 

Посебна важност во претставувањето на сите стандарди посебно имаа големиот број на примери од праксата пред Евроспкиот суд.

 

Г - ин Ivan Lischina даде вовед во ЕКЧП и правилата на судот . Тој ја презентираше структурата на Европскиот суд , јурисдикцијата , моќта како и процесот на донесување на одлуки . Исто така детално ги објасни критериумите за прифатливост на барањата , индивидуалните апликации , предмети и . т . н .

 

Македонските предмети пред Европскиот суд за човекови права ги претстави г-ѓа Радица Геровска, владин агент, претставник на државата пред ЕСЧП. Таа подготви статистички преглед на предметите (број и вид, период, како и донесени пресуди), и ги презентираше предложените промени на Законот за парнична постапка.

 

Тренингот претставуваше одлична можност за размена на искуства во врска со импл е ментацијата на меѓународните стандарди за правично судење во домашните судови помеѓу различни актери вклучени во процесот на набљудување (набљудувачи, координатори, локални експерти, правниот аналитичар и менаџерскиот тим), како и одлични можности за унапредување на знаењето за функционирањето на ЕСЧП и практичната примена на членот 6 од ЕКЧП.

  

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2009