Заклучоци донесени од страна на учесниците на тркалезната маса во однос на Правилникот за вршење на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди / 31.05.2007
На 28.05.2007 год. здруженијата на граѓани АРКА, ИЗБОР, ЦДР, ЦГИ и Коалиција Сите за правично судење, имплементирачки партнери во Проектот за поддршка на човековите права организираа тркалезна маса во хотелот Континентал во Скопје. Истата беше организирана по повод донесувањето на новиот Правилникот за вршење на работите на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Модератор беше Претседателот на АРКА г-дин Феат Камберовски. Воведно поздравно обраќање до учесниците имаше г-динот Виктор Улом, раководител на одделот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Г-дин Воислав Зафировски, помошник министер во МВР, раководител на СВКПС имаше прадавање за Новините во Правилникот за вршење на работите на Секторот за внатреш-на контрола и професионални стандарди,
м-р Петар Јорданоски од ППЧП имаше излагање за Поставеноста и функционирање на Секторот за внатрешна контрола во Република Србија, проф.д-р. Трпе Стојановски, помошник министер во МВР, професор на Полициска академија за Видови контрола над полицијата- компаративен преглед и г-дин Трипун Танушески, заменик Народен правобранител за Односот помеѓу Народниот правобранител и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди од аспект на Новиот правилник.
Обука за постапувањето на Јавното обвинителство во регистрираните случаи на полициска злоупотреба / 12.05.2006
На 12.05.2007 год. во хотелот АРКА во Скопје се одржа обука за постапување пред Јавното обвинителство. Модератор беше Проект координаторот на ППЧП, Петар Јорданоски кој воедно имаше и воведно излагање за Постапувањето на ЈО во случаите на полициска злоупотреба во рамките на ППЧП и случаите на полициска злоупотреба при ЕСЧП. Г-а Гордана Гешковска, заменик ОЈО и претседател на Здружение на јавни обвинители имаше предавање за Улогата и постапувањето на Јавното обвинителство во случаите на полициска злоупотреба, а адвокатот Филип Медарски за Правните средства кои се на располагање на жртвата и нејзиниот адвокат во случаите на полициска злоупотреба. Учесници беа правните советници на ППЧП и нивните заменици, претставници на ФИООМ и проф.др. Гордан Калајџиев од Правниот факултет во Скопје.
Презентирање на ППЧП Проектот / 20.05.2006
Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Правниот факултет - Скопје и Полициската академија - Скопје.
Пред студентите на наведените факултети во април и мај, 2006 година, Проект координаторот го презентираше проектот и добиените резултати од дотогашното следење на случаите на полициска злоупотреба. Студентите од прва година на Полициската академија, како и студентите од трета година на правни студии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Правниот факултет - Скопје покажаа голем интерес за Проектот а дел од нив пројавија желба за волонтирање во истиот. Исто така, покрај презентацијата на Проект координаторот, воведно излагање имаа и претставниците на ОБСЕ и ФИООМ.
Локални координативни состаноци - ППЧП / 01.06.2006
Во изминатиот шестмесечен период од страна на 5-те имплементирачки НВО-и се организирани вкупно 11 локални координативни канцеларии, и тоа:
- Во просториите на АРКА-Куманово се одржаа на 17.02., на 24.03. и на 26.05.2006 на кои редовно присуствуваа претставниците на СВКПС и на канцеларијата на Народниот Правобранител;
- ИЗБОР Струмица одржа два координативни состаноци на 15.02 и на 7.04.2006;
- На локалните координативни состаноци организирани од страна на ЦГИ Прилеп на 24.03, 25.05 и на 1.06.2006 година, покрај офицерот и претставниците на СВКПС и на регионалната канцеларија на Народниот правобранител - Битола, присуствуваа и претставници на Основното Јавно обвинителство Прилеп, како и на ЕУПОЛ - Битола и на набљудувачката мисија ОБСЕ;
- Локалните координативни состаноци во националната канцеларија на Коалицијата се одржаа на 26.01 и на 14.03.2006 година;
- ЦДР - Тетово организира два локални координативни состаноци на 19.01 и на 16.04.2006 година;
Обука за градење стратегија за медиумска кампања / 23.05.2006
На 23 мај, во просториите на ЦИР-а се спроведе обука за градење стратегија за односи со јавноста и со медиумите. Беше потенциран фактот дека ППЧП е можеби единствена специјализирана НВО мрежа која исклучиво го допира прашањето на полициската злоупотреба и таквата предност треба да биде основа за изградба на посебен бренд/имиџ кој ќе биде лесно препознатлив и ќе ја зголеми видливоста на мрежата во медиумите и воопшто во заедницата. Покрај тоа, на обуката беа дискутирани и следниве теми:
- Улогата на целната група во дефинирање на пристапот во односите со јавноста;
- Развој на содржината на пораката;
- Методи и техники во градење односи со јавноста.
Врз основа на дискусиите, од страна на ЦИРа беше подготвена нацрт стратегија за односи со јавноста (ПР стратегија) и доставена до сите имплементирачки НВО-и.
Обука за градење стратегија за fundraising / 22.05.2006
На 22 мај, 2006 во просториите на Центарот за институционален развој (ЦИРа) се одржа еднодневна обука на тимот за fundraising во рамките на ППЧП, со цел, врз основа на дискусиите од искуството во прибирање средства и за можноста за користење повеќе извори на финансирање, да се изработи fundraising стратегија за ППЧП.
Резултатите од спроведената обука се следни:
- Направена SWOT анализа на ППЧП (анализа на внатрешните капацитети и надворешното опкружување на проектот), со посебен осврт на искуството во прибирање средства;
- Подготвен План за одржливост на проектот во кој се дефинирани стратешките цели и активности на проектот за периодот од 2006 до 2008 година;
- изработка на Акционен план во кој е направена детална временска рамка за следните активности
Прес Конференција / 21.12.2005
АРКА, ЦДР, Коалицијата “Сите за правично судење”, ИЗБОР и ЦГИ, имплементирачки партнери во Проектот за поддршка на човековите права (ППЧП) одржаа Прес конференција на 21 декември 2005 со почеток во 11 часот, во хотелот “Holliday Inn” во Скопје.
Главна цел на прес конференцијата беше презентација на Извештајот за периодот 2004-2005 година и препораките и заклучоците во врска со случаите на наводна злоупотреба или лошо постапување од страна на полицијата во Република Македонија. Покрај претставници на НВО-и во рамките на ППЧП, на прес конференцијата присуствуваше и г-дин Andrew Palmer, раководител на програмата за јакнење на капацитетите, оддел за владеење на правото, при Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје.
Учество на НВО саемот - 5 форум на граѓанското општество / 12.12.2005
Коалицијата Сите за правично судење имаше свој изложбен дел - штанд на НВО саемот кој се одржа од 9 до 11 Декември, 2005 на скопскиот саем. Од основањето на Коалицијата, ова е нејзино второ учество на НВО саемот каде што пошироката јавност можеше поблиску да се запознае со нејзините цели и активности, а особено со печатените материјали.
Прес конференција / 9.12.2005
Промоцијата на извешајот “Сузбивање на трговијата со луѓе низ практиката на домашните судови” се одржа во хотел АРКА на 09.12.2005 год.
Извршниот директор на Коалицијата, г-гица Весна Стојковска, ги презентираше активностите во рамките на проектот “Набљудување на предметите во врска со трговијата со луѓе”.
Проект координаторот, г-ца Виолета Велкоска се осврна на заклучоците и препораките од извештајот на Коалиција “Сите за правично судење”.
Заменик амбасадорот на ОБСЕ Мисијата во Скопје ја даде својата поддршка на активностите против трговијата со луѓе во Македонија, како и на активностите на Коалицијата “Сите за правично судење”.
Промоција на активностите на Коалицијата / 20.12.2004
Во периодот од 24.11.2004 година до 10.12.2004, Коалицијата “ Сите за правично судење ” одржа девет локални средби со цел да ги презентира своите досегашни активности, како и заклучоците и препораките содржани во Завршниот извештај.
Преставници на судството, на локалните власти и на локалните медиуми беа присутни на следниве средби:
- 24.11.2004 година - во просториите на Центарот за поддршка на невладини организации во Штип ;
- 25.11.2004 година - во големата сала на Градското собрание во Битола;
- 27.11.2004 година - во просториите на Центарот за поддршка на невладини организации во Велес;
- 29.11.2004 година - во Центарот за поддршка на невладини организации во Струмица;
- 30.11.2004 - во малата сала на Градското собрание во Тетово;
- 1.12.2004 година - во Центарот за поддршка на невладини организации во Прилеп;
- 2.12.2004 година - во големата сала на Градското собрание на Кавадарци;
- 8.12.2004 година - во просториите на општина Куманово;
- 10.12.2004 година - во просториите на Основното училиште “Христо Узунов” во Охрид.
Стратешко планирање
По едногодишно функционирање, одговорните лица на Коалицијата се насочија кон процесот на стратешко планирање за следните 5 години.
Истиот започна со работилница за стратешко планирање ( 03-05.06.2004 во Битола) дизајнирана за да овозможи интерактивна анализа на внатрешните состојби во организацијата со помош на SWOT анализа, ИОМ, Минцебергова матрица, како и на непосредното опкружување преку алатките: институциограм, скенирање на околина и SWOT матрица. На работилницата присуствуваа претставници на Коалицијата од сите нивоа на структурата.
По изготвување на нацрт извештај за заклучоците од работилницата, на 14.06.2004 год. согласно утврдениот план за понатамошни чекори во процесот на стратешко планирање, се одржа заеднички состанок на локалните координатори и членовите на Извршниот Борд. По усвојување на Финалниот извештај од работилницата донесени се заклучоци за понатамошен развој на Коалицијата и се организираа средби на набљудувачите со локалните координатори на регионално ниво со цел овозможување на максимална инволвираност на набљудувачите во процесот на креирање на развојната политиката.
Во подготовката на нацрт стратешкиот документ за следните 5 години, учествуваа Претседателот на Колицијата г-дин Трајче Пеливанов, Извршниот Директор г-ѓица Виолета Велкоска, Потпретседателот г-ѓица Весна Стојковска и Правниот аналитичар г-ѓица Јасна Цветковска.
Евалуација на проектот
Со цел обезбедување на квалитетна и објективна евалуација за достигнувањата на Коалицијата во изминатиот период, со помош на ОБСЕ Мисијата во Скопје, од ОДИХР/ОБСЕ беше побарано изготвување на темелна проценка.
На 16-21.05.2004 г-динот Луказ Бојарски заедно со и неговиот тим, по остварување на низа средби со претставници како на Коалицијата, така и на судските и другите владини институции и по извршена детална анализа на материјалите/документите добиени како резултат на активностите на Коалицијата, изготви евалуационен извештај.
Периодичен извештај
На 10.05.2004 година во Хотел Јадран се одржа прес конференција на кој се промовираше Периодичниот извештај изготвен врз основа на информациите собрани од прашалниците во периодот од Јули 2003 до Јануари 2004 година, како и податоците од месечните извештаи со локалните координатори и извештаите од локалните правни експерти.
Извршниот директор на Коалицијата, Виолета Велкоска ги презентираше првите резултати во врска со нивото на имплементација и почитување на меѓународните стандарди за правично судење во домашните судови како и препораките од експертите за начинот на подобрување на функционалноста и ефикасноста на судството.
Покрај проф. Љупчо Аранаудовски и судијата Ранко Максимовски кои презентираа некои посебни теми од кривичната и парничната постапка, г-динот Карлос Паис, Амбасадор на ОБСЕ Мисијата во Скопје говореше за судските реформи како основен и неопходен чекор за прием на Република Македонија во Европската Унија. Периодичен извештај>>>
Тренинг за локални координатори
На 05.04.2004 година во просториите на Националната канцеларија на Коалицијата г-динот Симон Греутер заедно со проект менаџерот г-гица Виолета Велкоска организираа еднодневен тренинг за локалните координатори. На истиот се говореше за темите: Прибирање на информации, Контакт со судството, Избор на предмети, Контрола на набљудувачите, Месечно известување, Комуникација во рамките на Невладините организации како и јакнење на профилот на НВО то членки на Коалицијата.
Посета на Одделот за правен мониторинг на Мисијата на ОБСЕ на Косово
Со цел да се зголеми познавањето на водечките актери на Коалицијата “Сите за правично судење” за постоечките системи на набљудување на судења, на иницијатива на Проект офицерот на правниот оддел на ОБСЕ, г-ин Симон Греутер од 24-26.02.2004 година беше организирана посета на Одделот за правен мониторинг (ЛСМС) на Мисијата на ОБСЕ на Косово. ….. повеќе>>>
Предмети од посебен интерес
На состанокот на Извршниот борд на коалицијата одржан на ден 22.12.2003 година како предмети за набљудување од посебен интерес за коалицијата беа избрани следните случаи:
1. Случајот “Тетово Табак”, (граѓански предмет)
2.
Случајот “Гимназијата во Неготино”, (кривичен предмет)
3.
Случајот “Амди Бајрам”, (кривичен предмет)
4.
Случајот “Лозар Битола”, (граѓански предмет)
5.
Случајот “Ламбе Арнаудов”, (кривичен предмет)
Наведените случаи беа постојано следени од страна на одбрани набљудувачи, со цел прибавување на детални податоци за истите и објавување на кратки извештаи во врска со респектот на стандардите за правично судење.
Коалицијата “ Сите за правично судење ” , во јавноста се произнесе со два извештаи и тоа:
Извештај за предметот Неготинска гимназија од 09.02.2004 година повеќе>>>
Извештај за предметот Тетово табак од 19.07.2004 година повеќе>>>
Прирачник за набљудување на судења
На 19.12.2003 година Коалицијата “Сите за правично судење” го промовираше “ Прирачникот за набљудување на судења ” изготвен од страна на тимот од правни експерти. Промоцијата на Прирачникот се одржа во Хотел Јадран пред голем број претставници од медиумите и гости. Г-ин Арнаудовски Љупчо како постар портпарол ја презентираше содржината на Прирачникот. Додатно беше упатена и поддршка од г-ин Симон Греутер , проект офицер во Одделот за правна регулатива на ОБСЕ и г-ин Хабиб Массоуд, шеф на Канадската канцеларија во Скопје.
Прирачник за набљудување на судења
Прва прес конференција
Коалицијата “Сите за правично судење” на 18.11.2003 година , на својата прва конференција за печат во хотелот Холидеј Ин јавно го презентираше Проектот и активностите на Коалицијата.
Г-ѓа Јагода Глигоровска, член на Програмскиот одбор, ја презентираше Коалицијата, Структурата, целите на Проектот и активностите.
Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија г-ин Craig Jenness, ја изрази својата поддршка на Проектот преку својот несебичен придонес за конференцијата. Советникот на Коалицијата, воедно проект офицер во ОБСЕ г-ин Simon Greuter се осврна на идните планови и активности на Коалицијата и за тековниот проект.