Посета на Одделот за правен мониторинг на Мисијата на ОБСЕ на Косово

 

Со цел да се зголеми познавањето на водечките актери на Коалицијата “Сите за правично судење” за постоечките системи на набљудување на судења, на иницијатива на Проект офицерот на правниот оддел на ОБСЕ, г-ин Симон Греутер од 24-26 февруари 2004 година беше организирана посета на Одделот за правен мониторинг (ЛСМС) на Мисијата на ОБСЕ на Косово.

 

На оваа посета, бидејќи критериумот за учество беше нивото на вклученост во менаџментот на Коалицијата и проектот за набљудување на судењата, приоритет им беше даден на Претседателот, Извршниот директор, Проект асистентот и седумте регионални координатории на Коалицијата.

 

Програмата започна со презентација од ЛСМС на структурата и фнкционирањето на ЛСМС на 24 февруари, во главната канцеларија на ОМИК во Приштина. За време на овој дел, посетителите исто така добија документи подготвени од ЛСМС, во кои беа опишани главните постапки, формите на известување и.т.н. По тоа, групата се сретна со Правниот систем набљудувач за Приштинскиот регион како и со Меѓународниот јавен обвинител. Исто така , Коалицијата го презентираше својот проект на членовите на ЛСМС . Директорот на Одделот за човекови права на ОМИК официјално и срдечно ја пречека групата , и првиот ден на посетата заврши со сесија на взаемна дискусија и споделување на искуствата и најдобрата практика .

 

На 25 февруари , учесниците присуствуваа на мониторинг на континуирано следење на судење за кривично дело убиство во Гњилане - Косово . По набљудувањето , следеше заедничка дискусија и сесија на “ прашања и одговори ” со правниот систем набљудувач за Гњиланскиот регион .

 

На 26 февруари , целата група се сретна со претставници на Приштинското здружение на Центарот за хуманитарно право , невладина организација од Белград која е вклучена во мониторинг на судењата , и се одржа дискусија меѓу сите учесници и претставници на невладините организации . Студиската посета заврши со презентација од страна на ЛСМС во врска со известувањето и финална дискусија и повратни информации .

 

Оваа посета на Коалицијата и обезбеди важни информации кои се однесуваат на квалитетен пристап во набљудувањето на судењата со помалку но повеќе вклучени набљудувачи , известување со поглед кон периодични и јавни извештаи , фокусирајќи се на посебни препораки на една тема , презентација и дистрибуција на извештаите , избор на предмети , структурата на ЛСМС и менаџментот на процесот на набљудување , пристап до информации и документи и функционирање на судскиот систем на Косово .

  

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2009