Извештај за предметот Тетово табак од 19.07.2004 година

 

Предмет П.бр.612/01 кој се води пред Основниот суд Тетово, за поништување на Договорот за купопродажба на недвижен имот склучен помеѓу Тетово Табак АД Скопје застапувано од директорот Сретко Ѓурчиновски како продавач и Македонија 2000 ДОО Експорт Импорт Скопје застапуван од полномошник Божидар Ѓорѓиевски како купувач.

 

Предметот го судеше судски совет составен од еден судија и двајца судии поротници.

 

Странките имаат полномошници кои се адвокати и во текот на постапката почитувано е нивното право на одбрана .

 

Тужбата по предметот е поднесена на 10.09.2001 година, а на 17.09.2001 година истата е доставена на тужениот. Пресудата по предметот е еднаш укината и вратена на повторно првостепено одлучување со решение на Апелациониот суд од 20.02.2003 година а врз основа на изјавена жалба од страна на тужениот.

 

Во постапката почитувано е начелото на јавност и на набљудувачите им е обезбеден непречен пристап на самите рочишта како и кон списите на предметот од страна на судијата и судската администрација.

 

Во текот на целата постапка , двајца судии биле изземени од страна на Претседателот на судот . Првиот судија бил изземен на барање на тужениот а согласно член 65 точка 6 од Законот за парнична постапка поради роднинска врска со тужителот . Вториот судија бил изземен врз основа на неговата изјава за изземање поради блиски врски со странките .

 

Овој предмет е одлаган 17 пати и може да се утврди дека најчеста причина за тоа е барањето на странките или нивните полномошници , нивно неприсуство , неуредна достава која на 6 рочишта се јавува како причина за одлагање на главната расправа , додека пак за две рочишта причините за одлагање лежат на страната на судот . Во поглед на одлагањето на главната расправа може да се забележи дека на три рочишта странките и нивните полномошници не биле присутни иако биле уредно канети .

 

На 30.03.2004 година судот донел пресуда веднаш по заклучување на главната расправа, а истата е оставена во архивата на судот на 29.06.2004 година за доставување на странките.

 

Освен одредени пропусти во поглед на причините за одлагање на судењата, и должината на периодот од 90 дена од донесување на пресудата до нејзина достава до странките што претставува повреда на принципот на судење во разумен рок согласно членот 6 од Европската конвенција за човекови права, во поглед на меѓународните стандарди за правично судење во конкретниот предмет, утврдено е дека не се констатирани други повреди.

 

  

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2009