ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ
ЗАВРШЕНИ ПРОЕКТИ
Улога на заедницата во замена на казната затвор
Период на имплементација: март 2006 – март 2008 година
Основни цели
- Идентификување на проблемите за имплементација на алтернативните мерки на казнување
- Воспоставување ефикасен систем за примена на алтернативните мерки на казнување во Република Македонија
- Запознавање на претставници од јавните претпријатија, граѓански и хуманитарни организации, медиумите како и пошироката јавноста со целите, значењето и процесот на извршување на алтернативните мерки
- Придонес кон практична имплементација на Законот за малолетничка правда од 2007 година и извршување на законски предвидените алтернативни мерки во заедницата
Проектни активности
Период: март 2006 - март 2007 година
- Спроведување на интервјуа со претставници на органите инволвирани во практичната примена на алтернативните мерки
- Подготовка и публикување на извештај за поценка на состојбата со алтернативните мерки во Република Македонија
Период: март 2007 – март 2008 година
- Подготовка и публикување на брошура за основните податоци на алтернативните мерки во Република Македонија
- Подготовка на концепт / насоки за имплементација на Законот за малолетничка правда од 2007 година
- Организирање на стручна расправа со цел претставниците од надлежните институции поблиску да се запознаат со насоките за имплементација на Законот за малолетничка правда од 2007 година
- Доставување на насоките за имплементација на Законот за малолетничка правда до Министерството за правда и до сите органи инволвирани во неговата практична имплементација
- Идентификување на конкретни јавни служби, хуманитарни организации и други здруженија на граѓани кои ќе се вклучат во процесот на извршување на алтернативните мерки
- Средби, едукација и информирање на идентификуваните јавни служби, хуманитарни организации и други здруженија на граѓани за нивната улога во процесот на извршување на алтернативните мерки
- Организирање на две работилници/обуки на претставници од идентификуваните јавни служби, хуманитарни организации, други здруженија на граѓани и медиумите за целите, значењето и начинот на извршување на алтернативните мерки на казнување со посебен осврт на општокорисната работа заклучоци од Скопје, заклучоци од Кавадарци
- Испитување на јавното мислење за алтернативните мерки во Република Македонија
- Подготовка на извештај за мислењето на јавноста за алтернативните мерки врз основа на спроведеното анкетирање
Контакт:
Емилија Јорданова – Проект координатор
tel: +389 2 3215 263
Донатори:
- Институт за трајни заедници (ИТЗ)
- Агенција на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД)