Донатори

     
 

Organisation for Security and Co operation in Europe
Spill over monitor
Mission to Skopje
 
     

 

Со помош на одделот на владеење на правото при ОБСЕ Мисијата во Скопје и со финансиска подршка од Канадската меѓународна агенција за развој (ЦИДА) започна реализацијата на пилот проектот “Набљудување на Имплементацијата на меѓународните стандарди за правично судење во домашните судови и проценка на функционирањето на судството во Македонија.“

Набљудувањето на судските процеси во основните судови како составен дел од пилот проектот започна во јули 2003 и траеше до Септември 2003 година.

Од Октомври до Декември 2003 год.Финансиски средства за продолжување на активностите на Коалицијата односно продолжување на набљудувачкиот процес, беа обезбедени од ОБСЕ Мисијата во Скопје.

Во Декември Истата година Канадската Амбасада во Скопје и одобри на Коалицијата средства за набавка на Канцелариска опрема.

Во Февруари 2004 год, Коалицијата потпиша договор за соработка со ОБСЕ мисијата во Скопје и договор за давање грант со фондацијата Институт Отворено Општество Македонија.

 

 
Дома   Коалиција “Сите за правично судење” 2007