Доста е од жртви
на насилство

превенција, пристап, правна заштита

Почнувајќи од ноември 2015 година Коалицијата “Сите за правично судење” го спроведува проектот “No more victims of violence – prevent, protect, proceed” (“Нема повеќе жртви на насилство – превенција, пристап, правна заштита”)
во рамките на Triple A for citizens – access to information, advice and active help services. Triple A for citizens - access to information, advice and active help services е проект кој е имплементиран во рамките на
Програмата на Европската Комисија за партнерство помеѓу граѓанските организации.

За проектот


“No more victims of violence – prevent, protect, proceed”

“Доста е од жртви на насилство – превенција, пристап, правна заштита”
Период на имплементација: декември 2015 – мај 2016 година


Triple A проектот од 2012 година има поддржано повеќе проекти и активности имплементирани од страна на земјите од Западен Балкан (Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Косово) и Турција чија цел е промоција на пристап до правда за граѓаните/ките од овој регион. Во март 2015 година проектот влезе во втора фаза во која ги прошири своите активности на три земји: Албанија, Македонија и Црна Гора. Во оваа фаза, зголемен е фокусот на застапувањето кое би предизвикало законски промени како и на бесплатната правна помош.

Основни цели

Целта на проектот е преку фокусирање на жртвите на насилство, да се изврши нивно унифицирање, солидаризирање и зајакнување без да се навлегува во нивно диференцирање по однос на основот кој е земен во предвид при насилниот чин.

Поединечните цели на проектот се:
- информирање и обучување – “Prevent” (Превенција)
- обезбедување на бесплатни правни совети - “Protect” (Пристап до правда)
- овозможување на правна заштита -“Proceed” (Правна заштита)

Проектни активности

  • Информирање и обучување – во овој дел планирани се две поконкретни активности: кампања за подигање на свеста (изработка и споделување на web banner, флаери, постери) и работилници во 5 градови во Македонија (Скопје, Кавадарци, Битола, Гостивар и Струмица)
  • Обезбедување на бесплатни правни совети –во овој дел Коалицијата ќе нуди бесплатни правни совети за жртви на насилство кои ќе се јават во Коалицијата или кај некоја од партнерските организации
  • Овозможување на правна заштита - во овој дел Коалицијата преку свој адвокат/ка ќе овозможи судско застапување и застапување пред државни органи за жртвите на насилство
  • Учество во изработка на национална стратегија за застапување
  • Учество на студиски посети во Приштина, Букурешт, Лондон и Даблин

Контакт


Коалиција Сите за правично судење

Проектен координатор: Натали Петровска

Ул. Македонија бр.11/2-10, Скопје

npetrovska@all4fairtrials.org.mk

+389 2 6139 874

Побарај помош: